Балкан
3. October 2019 - 11:04

Силен земјотрес на грчко-турската граница во Егејското Море

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран во 7.44 часот по локално време на грчко –турската граница во Егејското море, jави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил 37 километри југоисточно од грчкиот остров Родос.

За сега нема информации за повредени лица или материјална штета од силниот земјотрес.