Свет
20. October 2020 - 9:03

Силен земјотрес на Алјаска, предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди областа јужно од Алеутските острови на Алјаска, што предизвика предупредување за цунами, соопшти Американската геолошка служба.

Американскиот центар за предупредување за цунами соопшти дека земјотресот, кој првично беше пријавен како земјотрес со јачина од 7,4 степени, предизвика предупредувања за цунами во Сенд Поинт, Колд Беј и Кодиак, кои се ретко населени.