Балкан
12. September 2018 - 12:09

Силен земјотрес ја стресе Турција, се тресеа зградите во Анталија

Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер го потресе подрачјето на турската провинција Анталија, а очевидци велат дека се треселе зградите.

Земјотресот се почувствувал утрово околу 6.20 часот, околу 50 километри од брегот, кај местото Текирова, во провинцијата Анталија, соопшти Американскиот завод за геолошки истражувања (USGS).

На нивниот сајт е објавено дека епицентарот бил во морето, на 66 километри југоисточно од Текирова, на длабочина од 58,8 километри.

Текирова се наоѓа на 47 километри од познатото турско летувалиште Анталија.