Свет
11. May 2017 - 8:39

Силен земјотрес ја стресе Кина, најмалку осум лица загинати

Најмалку осум лица загинаа, а 11 се повредени во земјотрес во Кина, јави Синхуа. 

Земјотресот бил со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала и се случил на длабочина од осум километри во Синцуан-Ујгурскиот автономен регион во северозападниот дел на земјата.

Во потресот распукале ѕидови на згради, а наместа има и уривања. 

Во овој кинески регион често пати се случуваат земјотреси, но повеќето од нив предизвикуват помали оштетувања.