Балкан
28. јуни 2018 - 15:42

Силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтерова скала е регистриан четири часа по полноќ во непосредна близина на грчкиот остров Лезбос.
 
Институтот за геодинамика на атинсакта Национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 251 километар североисточно од Атина и 35 километри југозападно од Митилен, на островот Лезбос.
 
Земјотресот е регистриран четири часа по полноќ. Нема извештаи за евентуалната штета и повредени.