Силен земјотрес ја погоди Турција: Се треселе зградите во Анталија
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на местото Кумлуџа во реонот на турскиот медитерански град Анталија.
Турската Дирекција за справување со кризи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот се случил во 9.21 часот по локално време (7.21 часот по средноевропско време) на длабочина од околу 40 километри под дното на Средоземното Море, со епицентар на 65 километри од Кумлуџа.
Според Дирекцијата, нема информации за жртви или предизвикани материјални штети при потресот,
Земјотресот се почувствувал на теротиријата на целиот округ Анталија, како и во делови на соседните окрузи.
Ова е втор посилен земјотрес во реонот на Анталија во последниве два дена, откако вчера во истото подрачје беше регистриран потрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше на длабочина од 47 километри под површината на земјата, со епицентар во близина на градот Дошемеалти.
Ни при овој потрес немаше жртви или материјални штети
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка