Свет
21. October 2016 - 11:04

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, се очекува нов потрес

Најмалку десет луѓе се повредени и една зграда е урната по денешниот земјотрес со интензитет од 6,6 според Рихтеровата скала, што го погоди западниот дел од Јапонија.

Земјотресот бил регистриран во 14:10 часпот по локално време во центарот на западната префектура Тотори на длабочина од 10 километри.

По него се регистрирани десетина вторични потреси со јачина до пет степени, кои според Националната служба за метеорологија ќе продолжат.

Во следните денови можни се посилни земјотреси, наведуваат од таа служба.

Аеродромот во соседната префектура Окајама е затворен и времено беа запрени брзите возови, како и дел од автопатиштата.

Околу 40 илјади домаќинства останаа неколку часа без струја. Владата на Јапонија формираше кризен штаб по земјотресот.