Свет
23. September 2016 - 9:19

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди реонот југоисточно од Токио, соопшти Националниот геолошки институт на САД.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Потресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 226 километри југоисточно од главниот град на Јапонија.

Засега не е издадено предупредување за појава на цунами од Пацифичкиот центар на Хаваите. Од јапонската Метеоролошка служба сметаат дека се можни мали промени во нивото на морската површина, но не во опасни размери за Јапонија.