Свет
4. јуни 2020 - 13:27

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала ја погоди денеска Индонезија, односно подрачјето во близина на провинцијата северен Сулавеси, кај островот Халмахера.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 111 километри под површина на земјата и досега не е издадено предупредување за цунами.

Индонезија се наоѓа на т.н. Тихоокеански огнен прстен, кој многу често е погоден од земјотреси.