Балкан
7. October 2021 - 9:05

Силен земјотрес ја погоди Далмација

Синоќа околу 22 часот Далмација, Хрватска, ја погоди силен земјотрес. Според првите информации од ЕМСЦ, магнитудата била 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 39 километри североисточно од Сплит и 19 километри југозападно од Ливно.

Засега нема информации за евентуална штета, а се чека извештај од Сеизмолошката служба на Република Хрватска.

Според сведочењето на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот траел помеѓу 10 и пет секунди.

Бројни жители на пошироката област околу Сплит рекоа дека зградите се треселе и дека почувствувале силен потрес.