Балкан
3. February 2018 - 14:10

Силен земјотрес го стресе Балканот пред само неколку минути

Силен земјотрес пред неколку минути го стресе Балканскиот полуостров.

Според сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот е со јачина од 4,7 степени по Рихтер, на границата меѓу хрватска и Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотресот е на 36 километри од Сплит, на длабочина од 2 километри.

Во текот на вчерашниот ден два земјотреси ја стресоа и Македонија, едниот рано утрото со јачина од 2,6 степени, додека вториот во 15 часот со јачина од 2.5 степени.