Балкан
21. April 2018 - 13:04

Силен земјотрес го погоди популарното летувалиште на Халкидики

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтерова скала рано утрово ја погоди Грција, соопшти Геолошкиот Институт од Националната опсерваторија во Атина.

Според соопштението, сеизмолошките апарати го регистрирале потресот во 03:20 часот, со епицентар лоциран на 218 км, од Атина, во морските води, на 9 км. источно од летувалиштето Паљури на Касандра.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.