Свет
14. August 2017 - 9:20

Силен земјотрес го погоди Перу

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, што предизвика паника меѓу населението на неколку градови. 

Засега нема информации за евентуално повредени или причинета материјална штета.

Земјотресот е регистриран претпладне по локално време, со епицентар на 67 километри североисточно од градот Ла Мерсед. 

Според Геолошкиот завод, земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри.