Свет
15. July 2018 - 8:46

Силен земјотрес го погоди Јемен

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Јемен, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на потресот  бил 213 километри северозападно од островот Сокотра во Аденскиот залив.

Не е издадено предупредување за цунами, а нема податоци ниту за евентуални жртви или причинета материјална штета.