Свет
10. February 2019 - 20:16

Силен земјотрес го погоди Иран, има и повредени

Во земјотрес со магнитуда од 5,2 степени кој го погоди југот на Иран повредени се пет лица.

Пет лица, од кои три жени се сместени во болница, по земјотресот кој го погоди селото Лафт на островот Кешм, оддалечен 1.100 километри од Техеран.

Во земјотресот се оштетени неколку згради. Тлото на Иран е подложно на потреси, а земјотресите во просек се случуваат еднаш дневно.

Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени во 2003 година го срамни историскито град Бам на југот на Иран, усмртувајќи 26.000 лица.