Свет
26. December 2015 - 13:16

Силен ветер остави без струја 8.000 семејства во Финска

Силен ветер, од западен правец, денеска предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија на околу 8.000 домаќинстава во 45 општини во централниот дел на Финска.

Како што јави ТАСС, силниот ветер корнел дрва, кои на неколку места паднале врз далноводниот систем, предизвикувајќи кинење на елетропроводните кабли.

Службите на енергетските компании работат на отстранување на дефектите, но снабдувањето со струја се уште не е целосно возобновено.

Финскиот Метеорлошки институт, соопшти дека силнот урагнаски ветер ќе продолжи да дува и во текот на денот и покрај во централните ќе се прошири и во северните и јужните делови на Финска.