Силен ветер ја погоди западна Германија
Вкупно 33 лица од пет станбени објекти во градот Минден во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија беа евакуирани, откако силни ветрови ги откорнаа покривите на нивните куќи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во налетот на ветрот, што се случи рано изутринава, биле откорнати и дрва во близина на живеалиштата, а повредено е едно лице со посебни потреби.
Полицијата и германската хидрометеоролошка служба (ДВД) не се согласуваат околу причините за инцидентот. Според полицијата, се работи за торнадо, а ДВД вели дека не може да се каже со сигурност се додека не заврши истрагата.
Во невремето, што зафати и неколку други градови во регионот, била оштетена и турбина за производство на ветер, која била однесена неколку стотини метри подалеку од нејзината локација.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи