Loading Video...
Тенис
21. August 2018 - 13:46

Силен противник за Ѓорческа во квалификациите за УС Опен

Лина Ѓорческа ја дозна својата противничка во квалификациите за УС Опен
 
Американката Лорен Дејвис ќе биде противничката на нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, во 1.коло од квалификациите на последниот овогодишен  Гренд-слемт турнир на УС Опен. 
 
Дејвис која е рангирана на 200-тото место на ВТА листата ќе ја има улогата на  голема фаворитка против македонската тенисерка која сезонава имаше мал број на настапи поради повреда. 
 
Затоа задачата на Ѓорческа која досега во два наврати беше елиминирана во првата квалификациска рунда, нема да биде ни малку лесна. 
 
УС Опен официјално почнува следниот понеделник, а квалификациите стартуваат попладнево, додека Ѓорческа својот меч против Дејвис ќе го игра утре од 17 часот.