Loading Video...
Фудбал
18. May 2021 - 18:19

Силекс – Тиквеш и Ренова – Охрид во разигрувањето за Првата лига

По завршувањето на прес-конференцијата за Купот на Македонија, се одржа ждрепката за баражот за опстанок или пласман во Првата македонска фудбалска лига. 
 
Екипата на Силекс за противник ќе го има тикот на Тиквеш од Кавадарци во дуелот за прволигашки статус и следната сезона. 
 
Дуелот меѓу Силекс и Тиквеш ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ додека на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, својот натпревар ќе го одиграат Ренова и  Охрид 
 
Двата натпревари се закажани за седум дена односно на 25 мај. 
 
Потсетување дека Првата лига ја напуштија Вардар и Беласица, додека нови прволигаши се Скопје и штипска Брегалница.