Фудбал
1. February 2020 - 18:03

Силекс со убедлив триумф против казахстанскиот Актобе

Македонскиот прволигаш Силекс одигра извонредно квалитетен контролен дуел на подготовките во Анталија и славеше убедливо со 3-0 против казахстанската екипа Актобе. 

Кратовци предводени од Горан Симов стартуваа со најсилниот состав и покажаа дека одлично ги минаа подготовките во турското летувалиште.  Со натпреварот на втората екипа на Силекс попладнево против Химки на кој нашиот прволигаш загуби со 2-1 завршија контролните дуели во Турција.