Loading Video...
Фудбал
18. August 2019 - 19:45

Силекс со евроголот на Дурански ја совлада Шкендија

Фудбалерите на Силекс одиграа извонреден натпревар против шампионот Шкендија и со победа од 1-0 ги заверија првите три бода во новата сезона.
 
Вистински еврогол на стартот на второто полувреме постигна Дурански што беше доволно за триумф.
 
За Шкендија ова е втор пораз на стартот од сезоната.
 
Прв бод денеска освои Вардар кој одигра без голови со Борец во Велес а голови немаше и на средбата Македонија ЃП - А.Пандев.
 
Втората победа за лидерската позиција во првенството ја забележа екипата на Ренова и тоа со 2-1 против новолигашот Струга Трим Лум