Фудбал
26. February 2017 - 16:24

Силекс славеше против Победа, нерешено во Тетово и на Чаир

Фудбалерите на Силекс по стартниот пролетен пораз во Тетово  ја израдуваа домашната публика со успех против Победа совладувајќи ја со 2-0. 

Отпорот на прилепчани беше скршен во вториот дел кога Каланоски и Недељковиќ се запишаа во листата на стрелците. 
Во Тетово  Ренова и Македонија ЃП одиграа 2-2 додека на Чаир Шкупи ремизираше со Работнички 1-1.