Фудбал
31. January 2018 - 17:49

Силекс ремизираше со Црвена Звезда

Фудбалерите на Силекс забележаа уште еден добар резултат на подготовките во Анталија одигрувајќи 1-1 со некогашниот европски првак Црвена Звезда.
Црвено-белите го решија првиот дел со водство од 1-0 со автоголот на противникот.
Во вториот дел Силекс заигра агресивно и по изведен слободен удар Благојевиќ ги обезбеди конечните 1-1 во 51. минута.