Loading Video...
Фудбал
17. August 2020 - 9:21

Силекс отпатува за Азербејџан на мечот против Карабах во ЛШ

Македонскиот вице-првак Силекс, утринава со чартер лет отпатува за Баку, Азербејџан, каде утре ќе го одигра натпреварот против Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите, против тимот на Карабах.  
 
За кратовци ова ќе биде трето учество во елитното натпреварување, во кое за последен пат играа против Бриж пред 22 години. 
 
Тренерот Горан Симов на располагање ќе ги има сите играчи, од кои очекува да го дадат максимумот и да одиграат според договореното. 
 
„Сега сме фокусирани само на Карабах. Очекува сите кои ќе добијат шанса да настапат на натпреварот, да го дадат најдоброто од себе. Мора да веруваме во чуда затоа што во фудбалот често истите се случувале. Се игра еден натпревар, желба ми е да бидеме дициплинирани и да бидеме на ниво, а ќе видиме на крај дали ќе бидеме наградени за тоа“, изјави Симов.
 
Потсетување дека ќе сезонава, поради пандемијата на Корона вирусот, УЕФА реши да се игра по еден наместо два натпревари.
 
Натпреварот во Баку, меѓу Карабах и Силекс ќе се игра утре, во терминот од 18 часот.