Фудбал
10. August 2020 - 16:29

Силекс лета со чартер за Баку и мечот го игра во вторник

За ФК Силекс нема време за славје на убедливата победа во Струмица каде ја торпедираа Беласица со 6-0. Кратовчани веќе в петок го играат дуелот од 2. коло со Пелистер во Кратово и потоа со чартер лет заминуваат за Баку каде во вторник (18.08) го играат мечот со домашниот Карабах во рамките на првото квалификациско коло за ЛШ.  Средбата се игра во 18ч по македонско време. 

Експедицијата на кратовци за Баку со чартер лет ќе отпатува во понеделник рано наутро утредента е натпреварот а веднаш по него и враќање дома.