Loading Video...
Фудбал
17. February 2019 - 18:00

Силекс испушти водство од два гола, израмнувачкиот гол на Шкупи спорен!

Фудбалерите на Силекс беа на прагот на значајна победа на стартот од пролетната сезона против Шкупи, екипа против која по одличното прво полувреме имаа водство од 2-0 со погодоците на Георгиев и Рајковиќ.

Гостите од Скопје фатија резултатски приклучок со авто-голот на Коцев а израмнувањето дојде во 92м преку Велиу. На овој гол му претходеше спорен момент откако Ангелов при падот ја зафати топката со рака но главниот судија Маркоски не реагираше што значеше и конечни 2-2 на крајот од мечот.