Loading Video...
Фудбал
27. November 2019 - 15:57

Силекс и Вардар одиграа ефикасен меч кој заврши без победник

На домашната фудбалска сцена, попладнево беа одиграни средбите од 16.коло во ПМФЛ
 
Во дербито во Кратово, Силекс и Вардар одиграа интересен дуел во кој беа постигнати четири гола, двете екипи имаа водство, а на крајот дуелот заврши без победник 2:2. 
 
Домаќините поведоа уште во 12.минута со голот на Дарко Гроздановски и до крајот на првиот дел ја одржуваа предноста. 
 
По само пет минути игра во второто полувреме (50-та), со голот на Кристијан Тошевски вардарци го израмнија резултатот, а во 72.минута преку Матеј Цветановски дури и поведоа со 2:1. 
 
Сепак, кратовци не се откажаа лесно, па на четири минути пред крајот (86) со погодокот на Кристијан  Костовски успеаја да стигнат до израмнување.
 
До крајот на мечот и двете екипи имаа шанса и за трет гол, но резултатот остана непроменет 2:2, а дуелот реално заврши без победник со по еден освоен бод на контото на двата тима. 
 
Вардарци ја зголемија бодовната предност во однос на второ и трето пласираните Академија Пандев и Шкендија кои попладнево загубија од Шкупи и Струга, а тоа го искористи и Силекс кој како четврто пласиран ја намали бодовната разлика во однос на струмичката и тетовската екипа.
 
Комплетни резултати од 16.коло  
СИЛЕКС - ВАРДАР 2 – 2 
РАБОТНИЧКИ - БОРЕЦ 2 – 1 
РЕНОВА - МАКЕДОНИЈА ЃП 1 – 1 
ШКУПИ - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3 – 1 
СТРУГА Т.Л. - ШКЕНДИЈА 2 – 1 
 
         ТАБЕЛА 
  1 ВАРДАР 32 бодови 
  2 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 27
  3 ШКЕНДИЈА 24
  4 СИЛЕКС 23
  5 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 22
  6 ШКУПИ 22
  7 СТРУГА ТЛ 22
  8 РЕНОВА 16
  9 БОРЕЦ 16
10 РАБОТНИЧКИ 14