Loading Video...
Фудбал
23. February 2020 - 18:04

Силекс и Шкендија ремизираа, кратовци оштетени за пенал

Дерби дуелот од 20.коло во ПМФЛ кое се одигра во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши без голови 0:0, иако и двете екипи може да жалат по бодовите.
 
Силекс беше далеку подобар противник во првиот дел, но Дарко Гроздановски и Кристијан Костовски не реализираа за водство на кратовци. 
 
Во вториот дел Шкендија имаше три шанси во една иста акција, но Радески и Алими двапати ја погодија рамката на голот, а Нафиу биеше крај дирекот.
 
За одбележување  е лошото судење на главниот судија Јован Качевски, кој во финишот на мечот не досуди најстрога казна за Силекс по недозволениот старт на Кривак врз Костовски.
 
Останува впечатокот дека Силекс беше оштетен за пенал и три бода, со кои кратовци ќе избиеја на втората позиција на табелата.
Исходот од дуелот во Кратово го искористија фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров кои во дуелот против академија Пандев забележаа победа со 1:0 и тоа со голот Дејан Блажевски од пенал и тоа постигнат во 9-тата минута од судиското дополнение. 
 
Потсетување дека вчера Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец во Велес со што вардарци сега имаат 10 бодови повеќе од второ пласираната Шкендија 
 
ПРВА ЛИГА    20.коло 
Недела
СИЛЕКС  -  ШКЕНДИЈА 0 - 0
 
АКЕДОНИЈА Ѓ.П  -  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ    1 - 0
РАБОТНИЧКИ -  ШКУПИ 2 – 1
РЕНОВА -  СТРУГА Т.Л. 2 – 0 
Сабота
БОРЕЦ -  ВАРДАР 0 – 1 
 
ТАБЕЛА: 
1.   ВАРДАР 42, 
2.    ШКЕНДИЈА 32, 
3.    СИЛЕКС 31, 
4.    МАКЕДОНИЈА ЃП 29, 
5.    АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 27, 
6.    ШКУПИ 25, 
7.    СТРУГА ТЛ 24, 
8.     РЕНОВА 22, 
9.     РАБОТНИЧКИ 21, 
10. БОРЕЦ 20.