Loading Video...
Фудбал
18. September 2019 - 18:00

Силекс го победи Борец, Академија Пандев останува непоразена и по 6.коло во ПКФЛ

 
Фудбалерите на Силекс ја прекинааа низата од три порази, откако попладнево во Кратово го победија Борец со 3:0. 
 
Серијата голови ја отвори Серафимовски уште во 19.минута, а во финишот на првиот дел (43.минута) Костовски од пенал го постигна вториот гол. 
 
Конечниот резултат го постави Ивановски на десет минути пред крајот (80). 
 
Домашна победа оствари и Работнички кој со голот на Марковиќ (63.минута) ја  совлада Македонија ЃП со 1:0. 
 
На гостински терен се радуваше Вардар кој во Чаир со 2:1 славеше над Шкупи, како и Шкендија која во тетовското дерби ја имаше улогата на гостин против Ренова која ја победи со 2:0. 
 
Единствено немаше гол на дуелот во Струга каде лидерот на табелата Академија Пандев одигра 0:0, со што и по шестиот меч „Пандевци“ останаа единствената непоразена екипа во прволигашката конкуренција. 
 
Комплетни резултати од 6.коло
СИЛЕКС - БОРЕЦ  3 – 0 
РАБОТНИЧКИ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1 – 0 
РЕНОВА - ШКЕНДИЈА 0 – 2 
СТРУГА ТЛ - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0 – 0 
ШКУПИ - ВАРДАР 1 – 2 
 
ТАБЕЛА: 
1 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 14 бодови
2. ВАРДАР 13
3. МАКЕДОНИЈА ГП 11
4. ШКУПИ 8
5. СТРУГА ТЛ 8
6. ШКЕНДИЈА 7
7. РЕНОВА 7
8. СИЛЕКС 6
9. РАБОТНИЧКИ 6
10. БОРЕЦ 4
 
Следното 7.коло на програмата е претстојниот викенд