Loading Video...
Фудбал
5. јуни 2019 - 18:30

Силекс докажа дека местото му е во Првата МФЛ

Фудбалерите на Силекс  го совладаа второлигашот Тиквеш со 3-2 во баражот за пополнување на Првата МФЛ  со што практично го изборија опстанокот во  елитната конкуренција.
Кратовци доминираа особено во првото полувреме на мечот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров  и набрзина со головите на Никола Ѓорѓиев поведоа со 2-0. 
Гол на надеж за Кавадарчани постигна Ивановски но за кратко бидејќи Рајковиќ во 25м повторно го врати водството од два гола за Силекс односно на 3-1.
И во вториот дел Силекс подобро започна и имаше неколку убави прилики кои не ги искористи. Казната дојде со вториот гол на Ивановски кој намали на 3-2 за неизвесна завршница. Сепак Силекс до крајот на мечот знаеше да ја контролира играта и не дозволи израмнување.
Со оваа победа Силекс останува после Вардар најстандарден прволигаш додека Тиквеш и по цели 18 години не успеа да се врати во прволигашкото друштво.