Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека меѓу европските лидери преовладува остра воена психоза и дека тие сакаат да ги трошат парите на европските граѓани за опремување и вооружување на украинската армија и водење на украинската држава.
Сијарто, како што пренсува унгарската новинска агенција МТИ, истакна дека долгорочните подготовки за војна станале прифатена политика во Брисел и меѓу западноевропските политичари, што се докажува со предлогот за седумгодишен буџет – „украинскиот буџет“, кој, како што оцени, вклучува „горење“ на парите на европските граѓани во Украина во наредните години.
Во меѓувреме, додаде тој, комуникациските канали со Русија повторно се затвораат.
– Сегашната европска политичка стратегија, која ги прекинува комуникациските канали со Русија, јасно ќе резултира со долга војна, а во оваа долга војна тие сакаат да ги изгорат парите на европските народи со купување оружје, на пример од Америка, и давање на Украина“, рече шефот на унгарската дипломатија.
Според него, европската економија е во големии проблеми бидејќи конкурентноста драматично опаѓа, а европските компании во моментов плаќаат три до четири пати повеќе за енергија од нивните кинески или американски конкуренти.
– Наместо да користат европски финансиски ресурси за развој на европската економија и враќање на нејзината конкурентност, тие сакаат да ги испратат парите на европските граѓани во Украина, рече Сијарто.
Коментирајќи ги парламентарните избори во Чешка, тој оцени дека убедливата победа на Андреј Бабиш значи дека уште еден патриотски настроен премиер ќе ја преземе функцијата. Сијарто додаде дека во Брисел започнува сосема поинаква ера на европската политика, со тројца патриотски настроени премиери од Централна Европа – Бабиш, Роберт Фицо од Словачка и Виктор Орбан од Унгарија.
МИА
Ново на Сител
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
-

Комунална полиција - потенцијално решение за ѓубрето и воспоставување ред во главниот град
-

Од Фондот за здравство уверуваат дека од нивна страна нема доцнење на исплатите за породолно
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
