Свет
2. August 2016 - 13:33

Сијарто: Русија не претставува закана за земјите од НАТО

Нереално е да се мисли дека Русија би нападнала некоја земја членка на НАТО, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Според него, секоја земја од Алијансата има свои перцепции „со различна интензивност“ за заканата од Русија.

- Јас ги почитувам другите мислења во врска со ова прашање. Но ние имаме други чувства кон Русија. Не мислам дека таа претставува закана за нас, истакна Сијарто.

Ставот на Унгарија е спротивен со гледиштата на други земји членки на НАТО од регионот, кои ја сметаат Москва како реална опасност.