Сијарто: Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја
Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја, бидејќи сите знаеа за врменеската рамка и имаше доволно време сите да се подготват. Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој денеска престојува во посета на нашата држава.
Унгарија, посочи Сијарто, процесот на проширување на ЕУ го смета за еден од најважните и веруваме дека проширувањето на ЕУ кон регионот на Западен Балкан е во вистински интерес на Унијата, како економски така и безбедносен.
– Веруваме дека проширувањето на ЕУ е во вистински интерес на самата Унија и затоа сметаме дека одлуката за одложување на почетокот на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност на интересите на Унгарија. Ние сме соседна држава на овој регион и затоа сме сензитивни на значењето и потребата за евроинтеграција, изјави Сијарто.
Посочи дека Унгарија ќе продолжи со поддршка на нашата земја за успешна евроинтеграција, како и за стабилноста на границата, каде веќе се распоредени заеднички сили.
-Ние сме за итен почеток на пристапни преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ние сме соседна земја на овој регион и сме многу осетливи по ова прашање и го знаеме значењето за проширување, а ЕУ во овој регион и ја знаеме разликата меѓу стабилна и нестабилна состојба во овој регион, изјави Сијарто.
Прашан во однос на дадениот азил на поранешниот премиер Никола Груевски, Сијарто рече дека неговото присуство во Унгарија го гледа како правно прашање и нема никаква врска со надворешната политика на Унгарија.
– Верувајте ние сме едни од најголемите поддржувачи на вашата земја како јавно, така и зад затворени врати и тоа ќе продолжи и понатаму, изјави Сијарто.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи рече дека средбата е посветена на евроинтеграциските работи на која ќе се разговара извештајот ЕК.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право