-->
-->
Сигурно сте се запрашале зошто ви се пуши кога пиете алкохол - Еве го одговорот
-->

Научниците тврдат дека ја откриле причината поради која луѓето се претвораат во социјални пушачи кога пијат алкохол, а тоа е поврзано пред сè со стремежот да останат будни, пишува „Индепендент”.
Истражувачите од Универзитетот на Мисури сметаат дека луѓето копнеат за ефектот на никотинот како стимулант при пиење, бидејќи тој помага да се компензира чувството на поспаност, предизвикано од алкохолот.
Научниците ги набљудувале ефектите од алкохолот и никотинот врз мозокот на стаорците. На следените области на мозокот, поврзани со рефлекси, учењето и вниманието, тие откриле дека никотинот ја потиснува поспаноста предизвикана од алкохолот.
-Една од причините луѓето да бараат никотин во комбинација со алкохолот е да го задржат пријатно чувство на опиеноста, а во исто време сакаат и да ја потиснат поспаноста, велат истражувачите.
Ако пак не сакате да западнете во вакви ситуации, консумирајте алкохол со мерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали во Македонија пристигна јужноафриканската мутација?
-
Трет ден попис во Македонија: Пријавени над 11.000 граѓани
-
Владата го усвои концептот за основно образование
-
Камиони од Струмица и Радовиш ќе транзитираат низ градските улици во Штип
-
Во март нов повик за социјални станови во Струмица
-
Во Словенија потврден нигерискиот сој на вирусот
-
Македонија и натаму во рецесија, пад на економијата од 4,5% лани
-
Падна ли страницата за попис на тестот за безбедност, граѓани од Македонија се попишуваат како иселеници?