-->
-->
Сигурно сте се запрашале зошто ви се пуши кога пиете алкохол - Еве го одговорот
-->

Научниците тврдат дека ја откриле причината поради која луѓето се претвораат во социјални пушачи кога пијат алкохол, а тоа е поврзано пред сè со стремежот да останат будни, пишува „Индепендент”.
Истражувачите од Универзитетот на Мисури сметаат дека луѓето копнеат за ефектот на никотинот како стимулант при пиење, бидејќи тој помага да се компензира чувството на поспаност, предизвикано од алкохолот.
Научниците ги набљудувале ефектите од алкохолот и никотинот врз мозокот на стаорците. На следените области на мозокот, поврзани со рефлекси, учењето и вниманието, тие откриле дека никотинот ја потиснува поспаноста предизвикана од алкохолот.
-Една од причините луѓето да бараат никотин во комбинација со алкохолот е да го задржат пријатно чувство на опиеноста, а во исто време сакаат и да ја потиснат поспаноста, велат истражувачите.
Ако пак не сакате да западнете во вакви ситуации, консумирајте алкохол со мерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковид пандемијата остави сериозни последици врз економијата во Штип
-
„Монструм“ влегува во финиш – Завршни зборови на обвинителство и одбраната
-
Магазин: Опаѓање на косата еден од симптомите по прележан ковид
-
Бајден поништи неколку одлуки на Трамп
-
Бајден ја презеде функцијата како 46 претседател на САД
-
Расте бројот на невработени - Колку лица изгубиле работа поради пандемијата?
-
Џафери го закажа гласањето за пописот утре на пладне
-
Заврши рокот за предлози, Царовска е задоволна од реакциите по концепцијата за реформи