Фудбал
13. March 2016 - 16:47

Сигурни победи на Вардар и Шкендија

 
 
 Двете првопласирани екипи во Првата македонска фудбалска лига, Вардар и Шкендија забележаа очекувани победи во натпреварите од 22.коло одиграни попладнево.
 
Лидерот Вардар на гостувањето во Охрид ја победи екипата на Младост Царев Двор со 4:0, додека Шкендија славеше победа како гостин против последно рангираниот Металург со 4:0.
 
Во дерби дуелот, екипата на Шкупи со голот на Филип Петковски го победи Силекс со 1:0. На градскиот стадион во Кочани каде Брегалница ги игра натпреварите како домаќин штипската екипа со 2:0 го совлада Хоризонт Турново со 2:0.
 
Во ова коло единствено гол немаше на дуелот Работнички и Ренова кој се одигра вчера.
 
Табела: Вардар 55 бодови, Шкендија 50, Шкупи 34, Силекс 33, Работнички 32 , Ренова 22, Хоризонт Турново 21, Брегалница 20, Младост 16, Металург 13.