Фудбал
18. February 2018 - 16:28

Сигурни победи на Шкендија и Вардар

Фаворитите за највисок пласман во домашниот шампионат Шкендија и Вардар остварија сигурни победи во дуелите против Шкупи и Победа во рамките од 20.коло на ПМФЛ. 
 
Лидерот Шкендија со 3-0 како гостин на стадионот „Чаир“ го совлада Шкупи, додека со истиот резултат (3-0), но пред двојата публика актуелниот шампион Вардар беше подобар од прилепска Победа. 
 
Најефикасно беше на „Тумбе Кафе“ во Битола, каде Пелистер со 3-2 го порази Работнички,додека голови немаше на дуелот меѓу Академија Пандев и Скопје како и на вчера одиграниот меч меѓу ренова и Силекс. 
 
 
 
Табела: 
1. ШКЕНДИЈА 50 бода
2. ВАРДАР 42,
3. СИЛЕКС 32 (-1), 
4. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 26, 
5. ШКУПИ 26, 
6. РАБОТНИЧКИ 24, 
7. ПЕЛИСТЕР 20, 
8. РЕНОВА 20, 
9. ПОБЕДА 20, 
10. СКОПЈЕ 11 (-1).