Свет
15. August 2017 - 18:50

Сиера Леоне бара итна помош поради поплавите

На Сиера Леоне му е потребна итна помош по поплавите и лизгање на земјиштето, во кои вчера загинаа над 300 луѓе во главниот град Фритаун, изјави претседателот на државата Ернест Баи Корома.

Најзагрозен од природната катастрофа е квартот Риџент. Претседателот призна дека локалните власти не можат да се справат сами со кризата.

Локалната канцеларија на Црвениот крст соопшти дека 600 лица се водат како исчезнати во стихијата.

Многумина од нив биле затрупани од огромно количество кал додека спиеле.