Живот
3. January 2017 - 21:15

Си ја предвиде својата смрт: Ова е една од жртвите во истанбулскиот масакр

Рита Чами, една од жртвите на новогодишниот масакр во Истанбул, го предвидела својот трагичен крај.

Девојката која настрадала во прегратката на својот свршеник Елијас Вардини, на својот Фејсбук профил непосредно пред патот во Турција оставила порака:Се надевам дека убаво ќе си поминам! Во најлош случај ќе загинам во експлозија и ќе и се придружам на мајка ми!

rita2-520x395

Несреќната девојка споменала дека мајка и неодамна починала од рак.

Рита и нејзиниот свршеник, двајцата 26 годишници, биле студенти на Американскиот факултет на науки и технологии во Либан. Фотографиите кои ги ставиле на социјалните мрежи покажуваат дека парот пред една недела ги посетиле Барселона и Атина.