Си-Ен-Ен: Рекс Тилерсон најверојатен нов државен секретар на САД
Претседателот на Извршниот одбор на нафтената компанија „Ексон-Мобајл“, Рекс Тилерсон е изборот на новиот претседател на САД, Доналд Трамп за иден американски државен секретар, објави телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на „свои извори“.
Телевизијата оценува дека изборот на Тилерсон ќе предизвика бурна дебата во Сенатот при неговото именување, но и дека тоа ја сигнализира определеноста на Трамп за олеснување на сегашните тензии меѓу Вашингтон и Москва.
Рекс Тилерсон (64), како и Трамп, нема никакво искуство во надворешната политика и во дипломатијата, но како прв човек на „Ексон-Мобајл“ има изградено блиски односи со повеќе светски политички лидери, правејќи зделки низ Евроазија и Блискиот Исток за оваа најголема енергетска компанија во светот.
Според Си-Ен-Ен, определбата на Трамп за Тилерсон, доаѓа по повлекувањето на Руди Џулијани, за кого се тврди дека бил неговиот првичен избор.
Американските медиуми откриваат дека Тилерсон преку нафтениот бизнис има изградено „добри врски и со Русија и со рускиот претседател Владимир Путин“.
Тој е остар критичар на актуелната американска Администрација, затоа што воведе санкции кон Русија поради анексијата на Крим во 2014 година.
Тилерсон е претседател во „Ексон-Мобајл“ од 2006 година и најавуваше дека идната година ќе се повлече од компанијата.
Оваа нафтена компанија е присутна во над 50 земји на сите континети, каде работи на експлоатација на нафта и гас.
Во 2011 година, „Ексон“ потпиша договор со најголемата руска државна нафтена компанија „Росњефт“ за заедничка експлоатација и производство на нафта. Од тогаш, двете компании имаат создадено десет проекти за заедничко вложување во Русија.
Тилерсон во 2013 година беше одликуван од рускиот претседател Путин со Орден на пријателството.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација