Свет
31. October 2017 - 22:12

Си-Ен-Ен: Најмалку шест жртви во нападот на Менхетн

- Најмалку шест лица се убиени во нападот што денеска се случи на Менхетн во Њујорк, изјавиле за Си-Ен-Ен два извори.

Камионет возел во спротивна насока на велосипедска патека при што прегазил неколку луѓе. Возачот на камионетот потоа излегол од возилото и почнал да пука во минувачите. Во инцидентот е удрен и еден училишен автобус.

Во врска со инцидентот уапсено е едно лице, за кое засега доаѓаат различни информации во врска со тоа како е уапсено и дали полицијата пукала во него.

Инцидентот се случил во близина на седиштето на локалната власт на Њујорк, област која се наоѓа во близина на Светскиот трговски центар