Свет
7. November 2020 - 18:37

Си Ен Ен: Џо Бајден избран за претседател на САД

Кандидатот на демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, јави Си Ен Ен.

Телевизијата го прогласи Бајден за избран претседател по прогласувањето негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електроски гласови. Со нив Бајден има 273 електорни гласови, од неопходни 270.

Пребројувањето на гласовите продолжува во Пенсиланија, Џорџија, Аризона, Неведа, по што ќе следи и офивијална потврда на резултатите.

Историски момент е и тоа што САД по првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камила Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло.

Актуелниот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот правен тим ќе поднесе повеќе тужби во судовите за ги оспори резултатите.