Балкан
18. јуни 2016 - 13:11

Си Џинпинг: Подготвени сме уште повеќе да ги зајакнеме односите меѓу Кина и Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг порача денеска дека односите меѓу Кина и Србија се длабоки и содржајни, додавајќи дека не ги обележува само пријателство и соработка, туку и заеднички вредности, а Кина е подготвена да го подигне тоа ниво.

- Подготвени сме да вложиме напори за зајакнување на традиционалното пријателство меѓу двете земји кои ги воспоставија нашите постари генерации. Подготвени сме заедно со вас и понатаму да го подигнеме нивото на пријателските односи, истакна Си Џинпинг пред средбата со српскиот колега Томислав Николиќ.

Тој нагласи дека „двата народа се мирољубиви, од генерација во генерација се борат за зачувување на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста“.

- Заедно со вас ќе придонесеме за зачувување на светскиот мир, нагласи кинескиот претседател.