Си дошол дома точно на својот погреб: Семејството се шокирало кога го видело здрав и жив, еве што се случило
Парагваецот Хуан Рамон Алфонсо Пенајо (20) го шокирал своето семејство и пријателите кога се вратил дома по три дена и ги пронашол како се подготвувале да го погребат момчето за кое мислеле дека е тој.
Пенајо, жител од селото Санта Тереса на границата со Бразил, последен пат пред да исчезне е виден во својот дом минатиот четврток. Никому не му се јавил пред да исчезне, ниту се јавувал каде е, а бидејќи три дена го немало семејството во полиција го пријавило неговото исчезнување. Набрзо ги контактирале локалните власти со ужасната вест - на парагвајско-бразилската граница пронајдено е масакрирано тело на помлад маж. Го повикале семејството во мртовечница да го идентификува. Бидејќи телото било во непрепознатлива состојба, членовите на семејствоот без многу размлислување, во тага и болка, потврдиле дека тоа е Хуан.
Подрачјето долж границата со Бразил е честа рута на криумчари на дрога па пронаоѓањето на измасакрираното тело не е ретка појава.
Остатоците од телото ги пренеле во селото и организирале погреб.
Третиот ден од исчезнувањето, Хуан прв влегол во куќата како ништо да не се случило, а ожалостеното семејство, роднините и пријателите занемеле од шокот кога го здогледале здрав и жив.
Полицискиот службеник рекол дека полицијата ги вратила останките на мртвиот човек во мртовечнциа и дека се работи на идентитетот на починатиот. Не е јасно што правел Хуан три дена.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата