Loading Video...
Фудбал
14. July 2018 - 18:05

СИ 2018: Белгија го освои третото место на Мундијалот

 
 
Репрезентацијата на Белгија го освои третото место на Светското фудбалско првенство во Русија. Во утешното „мало“ финале Белгија беше подобра од  Англија. 
 
Во дуелот за 3.место на Мундијалот во Русија, кој се играше во Санкт Петербург, репрезентацијата на Белгија ја победи Англија со 2:0. 
 
Белгијците поведоа по само 4 минути игра кога по одличниот центаршут од левата страна на Чадли, најбрзо до топката стигна Муние. 
 
Најголемата шанса за израмнување Англичаните ја имаа во 70.минута, кога Дајер убаво се обиде и успеа да го надитри Куртоа, но во последен миг од самата гол линија Алдервирелд ја исфрли топката. 
 
На десет минути пред крајот (80), Белгија односно Муние имаше можност да постигна и втор гол, но неговиот волеј удар успеа да го одбрани англискиот голман Пикфорд. 
 
Сепак младиот голман беше немоќен две минути подоцна,кога белгискиот капитен Еден Аразл, ја претрча одбраната на Англичаните, поставувајќи ги конечните 2:0. 
 
Освојувањето на третото место за Белгијците е најдобриот пласман во нивната историја кога во прашање се Мундијалите.