Швјонтек се искачи на второто место во историјата по успешност на „Ролан Гарос“
Светскиот рекет број еден Ига Швјонтек (Полска) се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, откако нејзината ривалка во осминафиналето, Лесија Цуренко (Украина) го предаде мечот при 1:5 во првиот сет. Швјонтек четврти пат по ред стигна до четвртфиналето во Париз. Таа само петти пат игра на главниот турнир. Последната тенисерка со четири четвртфиналиња во првите пет настапи на Грен слемот во Париз беше Моника Селеш во средината на 1990-тите.
Полската тенисерка има победи на 92,6 отсто на своите натпревари на Ролан Гарос. Само Маргарет Корт има подобра стапка на победи во Париз со 95,2%.
Покрај тоа, Швјонетк ја освои својата 60-та победа на ниво на главната турнеја на земјена подлога, откако одигра само 69 натпревари. Вакво достигнување побрзо го постигнале само Моника Селеш (63) и Крис Еверт (66).
Следниот меч на „Ролан Гарос“ Швјонтек ќе го игра со Коко Гауф, која минатата година ја победи во финалето.
Ново на Сител
-
Уапсен убиецот од Хром
-
ЦУК: За гаснење на пожарот под Солунска Глава е ангажирана и воздухопловна поддршка
-
Кокс: Постои огромна опасност од употреба на нуклеарно оружје во Европа
-
Најмалку седум мртви во пожар во ноќен клуб во шпанскиот град Мурсија
-
Зеленски: Украина ќе прерасне во еден од клучните светски производители на оружје и одбранбени системи
-
Демостат: Вучиќ има намера да се сретне со Путин во октомври на форумот „Појас и пат“ во Кина
-
Маќедонци за „Еуроњуз Албаниа“: Изгледаше како терористички напад, но беше план за окупација на севено Косово
-
Трајковски: Затворени 10 маркети, нерегистрираните трговци да се регистрираат најдоцна до 15 октомври