Швеѓанка го држела својот син во заробеништво 30 години
Седумдесетгодишна жена е уапсена во Стокхолм бидејќи го држела својот син во заробеништво 30 години, соопштија полицијата и обвинителството.
Маж на возраст од 40 години во многу лоша состојба бил пронајден од својот роднина, изјави за „Ројтерс“ обвинителката од Стокхолм, Ема Олсон, велејќи дека тој се наоѓал во станот можеби 30 години.
Шведските медиуми го цитираа роднината кој го затекнал човекот како лежи на ќебе на подот, тој бил без заби, не можел да зборува, а телото му било покриено со рани и чиреви.
„Сега е во болница … Знам дека му треба операција“, рече Олсон, која не даде други детали за неговата состојба.
Весникот „Експресен“ и другите медиуми објавија дека синот бил изваден од училиште на 12-годишна возраст. Покрај него на ѕидот имало два календара од 1995 и 1996 година, а станот бил преполн со неред, рече роднината, пренесуваат медиумите.
Мајката ги негира обвиненијата за заробеништво и сериозна телесна повреда, се вели во изјавата на Олсон.
Засега нема објаснување зошто синот бил држен во заробеништво.
Полицијата, предупредена од персоналот на болницата, опколи стан во областа Ханкинг во Стокхолм заради истрага.
„Истражуваме колку долго бил затворен синот, претпоставуваме многу долго“, изјави портпаролот на полицијата за „Ројтерс“.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот