Швеѓанка го држела својот син во заробеништво 30 години
Седумдесетгодишна жена е уапсена во Стокхолм бидејќи го држела својот син во заробеништво 30 години, соопштија полицијата и обвинителството.
Маж на возраст од 40 години во многу лоша состојба бил пронајден од својот роднина, изјави за „Ројтерс“ обвинителката од Стокхолм, Ема Олсон, велејќи дека тој се наоѓал во станот можеби 30 години.
Шведските медиуми го цитираа роднината кој го затекнал човекот како лежи на ќебе на подот, тој бил без заби, не можел да зборува, а телото му било покриено со рани и чиреви.
„Сега е во болница … Знам дека му треба операција“, рече Олсон, која не даде други детали за неговата состојба.
Весникот „Експресен“ и другите медиуми објавија дека синот бил изваден од училиште на 12-годишна возраст. Покрај него на ѕидот имало два календара од 1995 и 1996 година, а станот бил преполн со неред, рече роднината, пренесуваат медиумите.
Мајката ги негира обвиненијата за заробеништво и сериозна телесна повреда, се вели во изјавата на Олсон.
Засега нема објаснување зошто синот бил држен во заробеништво.
Полицијата, предупредена од персоналот на болницата, опколи стан во областа Ханкинг во Стокхолм заради истрага.
„Истражуваме колку долго бил затворен синот, претпоставуваме многу долго“, изјави портпаролот на полицијата за „Ројтерс“.
Ново на Сител
-
Директорот на ФИТР Петров ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неговото работење
-
ВМРО-ДПМНЕ: Попис по стандарди на Заев не е статистичка, туку политичка операција од која губат сите граѓани и Македонија
-
Откриени гости и странски државјанки во угостителски објект со забрана за работа во Охрид
-
Љупчо Димовски е новиот претседател на СПМ
-
Во нашиот Акциски план нема идентитетски белези, бугарскиот одговор ги содржи нивните стари позиции, вели Пендаровски
-
Стоилковски: Цел регион се вакцинира, само Македонија извиси
-
Полард: Во 2021 година ќе има многу нови мутации на коронавирусот
-
Арсовски: Коста Петров троши 200 илјади евра за себепромоција