Свет
21. јуни 2021 - 13:55

Шведскиот парламент изгласа недоверба на Владата

Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен беше соборен oд функција денеска откако парламентот изгласа недоверба на неговата влада.

Ова е првпат се случува во политичката историја на Шведска.

Левен има една недела да поднесе оставка или да распише нови избори. Повеќе од 180 пратеници гласаа против премиерот.