Бизнис
5. January 2017 - 20:01

Шведска: Шестчасовен работен ден кога ќе бидеме побогата државa

Експериментот за скратено работно време кој две години се спроведуваше во јавниот сектор во гетеборг во Шведска се покажа добар за вработените , но скап за државата.  

Тестирањето на шастчасовниот работен ден веројатно ќе пропадне откако првичните резултати покажале дека трошоците се поголеми од придобивките.

Експериментот  се спроведе во дом за стари лица во Гетеборг. Медициснките сестри  работеа два часа помлаку  без да им бидат намалени платите. Со тие се изјасниле дека се чувствуваат поздраво, позадоволни во животот и дека на пациентите им пружаат поголема нега.

 Но од друга страна за да можат тие да работат шест наместо осум часа, Градот морал да вработи 17 медицински сестри плус што ги чинело дополнителни  12 милиони круни.

Со ова градските власти решиле проектот да не биде трае со образложение дека трошоците можат да излезат од контрола.

Целосно нема да се отфрли ,но  засега јавниот сектор се откажува од примена на скратенотот работно време. Проектот ќе се следи и натаму.  Не се исклучува можноста ако  држвата во иднина има повеќе пари да се спроведе. Од друга страна стартап  сцената размислува за шестчасовното работно време како трајно решение.